Тренерот на Челзи, Маурицио Сари изјави дека не е премногу загрижен поради фактот што напаѓачот на оваа екипа, Оливие Жиру веќе 13 натпревари не постигна гол.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Жиру во Челзи пристигна на почетокот на оваа година од Арсенал, но ефикасноста во овој клуб и не му е на завидно ниво. Францускиот напаѓач веќе 13 натпревари не постигна гол и очигледно е дека Челзи веројатно во Жиру и Мората има напаѓачко дуо кое е најмалку „расположено“.
Меѓутоа, италијанскиот стратег изјави дека не го загрижува голгерерскиот пост на Жиру и дека е задоволен од игрите на овој напаѓач. Жиру во досегашниот дел од сезоната запиша четири асистенции и за него тоа е поважно од головите.
„Пред месец дена зборувавме дека сме загрижени што играчите за врска не постигнуваат голови, а сега почнаа тоа да го прават. Во три натпревари Баркли даде два, а Лофтус три гола. Ако продолжиме вака да играме сигурен сум дека и напаѓачите ќе проработаат. Не сум премногу загрижен поради нив, бидејќи тие доприносуваат многу со своите игри. Жиру во сезоната не постигнува многу голови, но работата која ја прави на теренот е неверојатна“, изјави Сари.