Дома Фудбал Англија Санчез: Трансферот во Јунајтед беше во погрешно време!

Санчез: Трансферот во Јунајтед беше во погрешно време!

Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез смета дека причина за неговиот неуспех на „Олд Трафорд“ фактот што пристигнал во клубот во „погрешно време“.

„Лукаку и јас трениравме прилично добро, но ни требаше повеќе време на теренот за да го достигнеме нашиот целосен потенцијал. Погледнувајќи наназад, се чини дека моето пристигнување во Јунајтед беше во погрешно време. Имаше премногу промени во клубот. Во такви моменти тешко го наоѓате вистинскиот ритам“, истакна Алексис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потоа зборуваше за неговата одлука да се пресели во Интер, како и за неговиот соиграч Ромелу Лукаку.

„Тука гледам желба за победи и затоа дојдов. Тоа беше причината и Лукаку да дојде тука. Дали ќе успееме? Ќе ви кажам на крајот на сезоната. Лукаку? Може да барате доста долго време и да не најдете фудбалер како него никаде во светот“, додаде Чилеанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…