Дома Фудбал Репрезентации Сантош: Македонија ја победи Германија и ја елиминира Италија, ќе играме против квалитетна репрезентација

Сантош: Македонија ја победи Германија и ја елиминира Италија, ќе играме против квалитетна репрезентација

Португалија и Македонија утре го играат бараж финалето за пласман на Светското првенство, а селекторот на Португалците Фернандо Сантош порача дека репер за тоа каква е Македонија не треба да биде мечот со Италија затоа што нашата репрезентација и претходно покажала квалитет.

Искусниот стратег порача дека ако Португалија сака да победи ќе мора да игра со голем интезитет и креативност пред се.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Последниот натпревар на Македонија во кој ја победија Италија не смее да биде наш единствен пример, тие се квалитетна репрезентација и затоа им ги анализираме и останатите натпревари. Ја победија Германија и во првото полувреме не им дозволија на Германците да играат фудбал, тоа значи дека имаат квалитетни фудблаери, посебно тука е Елиф Елмас. Како што за нив сењ вели дека ова е меч на живот или смрт, така е и з нас. За победа мораме да бидеме највисокото ниво и да покажеме интезитет и креативност“.

Според него нема повеќе или помалку притисок кај некого, затоа што за сите влогот е Мундијал.

„Притисокот е ист кај сите, кој не сака да оди на Мундијал. Ако Македонија не ја победеше Германија немаше да биде во плеј-офот, а таму ја елиминира Италија и тоа доволно зборува со каква репрезентација ќе играме. Но, не се плашиме од Македонија треба да бидеме страсни и да веруваме во победата“, изјави Сантош.

Натпреварот кој ќе одлучува кој ќе оди на СП во Катар се игра утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…