Дома Македонски спорт Мак фудбал Самсоненко распродава пред заминување: Балотели се сели во Катар!

Самсоненко распродава пред заминување: Балотели се сели во Катар!

Раководството на фудбалскиот клуб Вардар денес објави дека напаѓачот на овој клуб, Џонатан Боарето Балотели заминува во Катар.

Трансферот на Балотели веќе е пред официјализирање и тој наводно веќе се наоѓа во Катар на лекарски прегледи после што ќе стави потпис со клубот Ал Гарафа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ова значи дека црвено-црните во двомечот со Фенербахче ќе влезат значително ослабени, бидејќи Балотели во овој момент беше најдобриот напаѓач на клубот од Скопје.

Иако Вардар веројатно добро ќе заработи од Балотели, ќе остане без својот напаѓач пред неколку важни натпревари. Покрај двомечот со Фенербахче, Вардар во сабота го отвара македонското првенство против големиот ривал, екипата на Шкендија.

За крај да се потсетиме на последниот гол на Балотели во официјален натпревар во дресот на Вардар против Копенхаген.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Огромна чест: Евгениј Поп Ацев примен во меѓународната „Куќа на славните“!

Maкедонскиот пливачки маратонец, Евгениј Поп Ацев викендов на 18-ти мај доби големо призна…