Дома Фудбал Останато Само што дојде, а веќе сака да го напушти клубот: „Направив грешка, сакам да се вратам“

Само што дојде, а веќе сака да го напушти клубот: „Направив грешка, сакам да се вратам“

Фудбалерите на Фулам вчера доживеаа пораз на гостувањето во Кардиф со 4:2 и така остана на дното на табелата во англиската Премиер лига.

Повратникот во друштвото на најдобрите мака мачи на почетокот на сезоната, а голем проблем за Фулам претставува очајната одбрана. На девет натпревари овој тим прими неверојатни 25 гола со што е убедливо најлошиот тим од сите екипи во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фулам минатото лето доведе многу засилувања во своите редови, но јасно е дека повеќето од нив не се вклопија во играта на овој тим. Едно од засилувањата беше и голманот Фабри кој пристигна од Бешикаш, но настапи на само два натпревари за Фулам.

Според пишувањето на англиските медиуми, Фабри изразил големо незадоволство од својата минутажа и му кажал на Славиша Јокановиќ дека сака уште во јануари да се врати во Бешикташ. Наводно, неговиот пријател потврдил дека Фабри е несреќен во Англија и дека сака што можно поскоро да се врати во Турција.

„Сакам да се вратам. Направив огромна грешка што си заминав од Бешикташ“, наводно му рекол Фабри на неговиот пријател.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…