Францускиот напаѓач Килијан Мбапе го вклучи алармот во Париз, откако реши да не потпише нов договор со ПСЖ до јуни 2025 година.
Мбапе и ПСЖ не се во најдобри односи и затоа клубот сака да го продаде уште во текот на летото, но Французинот не сака да се откаже од идејата да го добие бонусот од 90 милиони евра за лојалност, плус 60 милиони за плата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Релево“ објави дека „кралевите“ се подготвени да испртат понуда, а најверојатно постои опција Мбапе да се пресели во Реал во текот на зимскиот преоден рок.
Мбапе би го добил бонусот за лојалност, додека ПСЖ ќе добие одредена сума за трансфер, а Реал ќе го добие фудбалерот кој го посакува со години.