Кристиано Роналдо ја одби понудата на легендата на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам да премине во Интер Мајами.
Англичанецот пред извесно време откри дека ќе се обиде да го убеди својот добар пријател да се пресели во САД, но очигледно Роналдо се уште не спремен на таков чекор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во последните се погласни се шпекулациите за иднината на Роналдо и се тврди дека Португалецот е крајно незадоволен од тоа како се одвива преодниот рок и смета дека „црвените ѓаволи“ нема да можат да се борат за трифеи.
Токму поради оваа причина се појавија гласини дека Жорге Мендеш им го понудил Роналдо на Баерн Минхен и Рома, а минатата недела агентот разговарал со новиот сопственик на Челзи, Тод Боли.
На „Олд Трафорд“ немаат намера да го пуштат Роналдо во друг клуб од Премиер лигата, но Португалецот инсистира да си замине.