Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Роналдо со необичната прослава на голот го провоцира Меси?

Роналдо со необичната прослава на голот го провоцира Меси?

Кристијано Роналдо синоќа беше брилијантен во натпреварот против Шпанците во првото коло од групната фаза на СП.

Еден од најдобрите играчи на светот успеа да постигне хет-трик против Шпанија и во последната минута од натпреварот со прекрасен погодок од слободен удар и донесе бод на својата екипа. Роналдо покажа дека е вистински лидер на Португалците и дека репрезентацијата зависи од неговото расположение за игра.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Но, интересно е што првиот погодок кој го постигна од пенал не го прослави на свој вообичаен начин. Португалецот на своите соиграчи ја покажуваше својата ‘брада’, односно алудираше на ‘јарец брада.’ Со тоа Роналдо сакаше да покаше дека тој е G.O.A.T, што во превод би значело најдобар играч на сите времиња.

Роналдо сигурно на овој начин сакаше да му одговори на Лео Меси кој на неколку дена пред Мундијалот во интересно интервју за француските медиуми позираше со јарец со порака дека тој е G.O.A.T.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…