Во јуни одредени шпански медиуми објавија дека 31-годишниот Кристиано Роналдо е подготвен да го напушти Реал Мадрид.
Најдобриот фудбалер во светот минатата година, наводно, не бил задоволен од третманот во клубот, новинарите и даночните оптеретувања во Мадрид, а како нова дестинација се споменуваа ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, доколку можеме да судиме според изјавата на Роналдо која ја даде за „Марка“, на крајот сето тоа ќе остане само на шпекулации и приказни.
„Осовјувањето на големи трофеи со клубот минатата сезона беше одлично, исто како индивидуалните трофеи. Ќе биде одлично тоа да го повторам. Од година во година мора напорно да се работи и успехот ќе пристигне. Фудбалот е мојот живот, мојата страст“, изјави Роналдо, алудирајќи на тоа дека сака да остане во Реал Мадрид.
Роналдо во Реал пристигна 2009. година, а со „кралскиот клуб“ освои апсолутно се.