Aтлетико Мадрид на повторениот ждреб го доби Манчестер Јунајтед.
На ждребот кој прво се одржа во 12:00 часот Атлетико го доби Баерн. Меѓутоа ждребот се повтори затоа што од Атлетико се пожалија затоа што Манчестер Јунајтед не беше ставен во нивните можни опции. Тоа беше грешка, УЕФА си ја призна и го повтори ждребот. Топчињата сакаа Атлетико потоа за противник да ги добие токму „црвените ѓаволи“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Она што не е добро за Симеоне и неговата екипа е што Роналдо сега игра во Манчестер Јунајтед. Атлетико Мадрид под водство на Симеоне примил четири хет-трика од Португалецот.
Во кариерата Роналдо одигра 35 натпревари против Атлетико, постигнал 25 гола и поделил 9 асистенции. За Давид Де Геа ова ќе биде враќање пред публиката каде што се прослави пред да премине во Јунајтед.