Дома Фудбал Останато Роналдо доби јасна порака: Повлечи се, Јувентус го има најдобриот изведувач на слободни удари!

Роналдо доби јасна порака: Повлечи се, Јувентус го има најдобриот изведувач на слободни удари!

Репрезентациите на Босна и Херцеговина и Грција вчера ремизираа 2:2 во рамките од второто коло во квалификациите за Европското првенство.

Босанците започнаа фуриозно и после само 15 минути игра стигнаа до предност од 2:0. Един Вишче и Миралем Пјаниќ погодуваа за домаќините во Зеница, но Грците во второто полувреме успеаа да стигнат до изедначување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес многу се пишува за мајсторијата на Миралем Пјаниќ и голот кој го постигна од слободен удар од околу 30 метри одалеченост. Овој гол сигурно постарите љубители на фудбалот ги потсети на големиот велемајстор на фудбалската игра, Жунињо. Босанците на Пјаниќ му го дадоа прекарот „босанскиот Жунињо“.

Од голем број медиуми Пјаниќ добива пофалби за овој погодок, но се истакнаа Англичаните. Имено популарниот „Спорт Библ“ објави дека за нив Пјаниќ е најдобриот изведувач на слободни удари во овој момент.

Овој медиум во оваа прилика не заборави да напише на ситуацијата во Јувентус каде што Роналдо оваа сезона е прв изведувач на слободните удари.

Роналдо од кога дојде во Јувентус го изведува скоро секој прекин кој е во зоната на удар, но оние кои повеќе го следат Јувентус знаат дека Португалецот скоро и никогаш да не беше блиску до погодок. Неговите удари во главно завршуваат над голот или во живиот ѕид.

Токму затоа „Спорт Библ“ испрати порака дека Кристиано Роналдо и Паоло Дибала (помалку добива шанса) треба да се повлечат и прекините во зоната на удар да му ги препуштат на Миралем Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пресврт: Тухел останува во Баерн и става потпис на нов договор

Раоводството на Баерн Минхен пред два месеци донесе одлука да се раздели со Томас Тухел на…