Легендарниот бразилски фудбалер смета дека навивачите на Барселона не би имале причина да му бидат лути на Нејмар во случај да направи трансфер во Реал Мадрид.
„Јас не би гледал како на предавство ако потпише за Реал. Тој направи трансфер од Барселона во ПСЖ, не директно од Барселона во Реал. Тоа за мене не е предавство. ПСЖ нема да прифати послаба понуда само затоа што Нејмар сака во Барселона, нема да си дозволат поради тоа да губат пари“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога мене би ме прашале, јас повеќе би сакал да потпише за Барселона и сигурен сум дека и тој сака да се врати таму каде што беше најсреќен“, порача Ривалдо.
Ривалдо потоа додаде дека Нејмар добро би се снашол и во Реал.
„И во Мадрид би можел да ја пронајде својата игра. Она што е јасно е дека го посакуваат и Реал и Барса, ќе видиме како се ќе се заврши“, заклучи легендарниот бразилски фудбалер.
Нејмар во Барселона играше од 2013 до 2017 година, а потоа премина во ПСЖ за 222 милиони евра.