Дома Фудбал Останато Рекордер: Лукаку е играчот на кој се потрошиле најмногу пари за трансфери!

Рекордер: Лукаку е играчот на кој се потрошиле најмногу пари за трансфери!

Ромелу Лукаку вчера беше официјално претставен како ново засилување на Челзи. Лондонскиот клуб за него му плати на Интер сума од 115 милиони евра, а Белгиецот така стана играч за кој тимовите во неговата кариера потрошиле најмногу пари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На Лукаку за трансфери биле потрошени вкупно 327,56 милиони евра, по што следи Нејмар со 310,2 милиони евра, а Белгиецот го надмина и Кристиано Роналдо, кој падна на трета позиција со 230 милиони евра.

Лукаку ја почна кариерата во Андерлехт, по што замина во Челзи, а беше на позајмици во ВБА и Евертон, кој потоа го откупи.

Од „Гудисон парк“ замина во Манчестер јунајтед, а потоа во Интер, по што се враќа повторно во Премиерлигата, односно во тимот на Челси.

За Интер одигра 95 меча, а притоа постигна 64 гола и запиша 16 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Левандовски добива големо богатство од Саудиска Арабија

Роберт Левандовски ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната откако двете страни не ус…