Угледниот фудбалски аналитичар Џејми Реднап смета дека Пеп Гвардиола е најдобриот тренер на сите времиња.
Тој тврди дека Гвардиола го променил фудбалот и дека денес сите го копираат стилот на каталонскиот стратег.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Пеп Гвардиола е ГОАТ меѓу тренерите. Во суштина, во денешно време сите играат фудбал на начинот на Пеп, сите ги започнуваат акциите од последната линија. Мислевме дека тоа е невозможно“, изјави Џејми Реднап.
„Пеп беше национален шампион 11 пати во 14 години (Шпанија, Германија, Англија) и освои вкупно 48 големи трофеи. Можете да зборувате за Сер Алекс Фергусон или Бил Шенкли, но Пеп засекогаш го промени фудбалот“, заклучи Реднап.