Дома Фото Реал и ВАР “најдобри пријатели“: Пујол повеќе не може да молчи, испрати порака со предупредување

Реал и ВАР “најдобри пријатели“: Пујол повеќе не може да молчи, испрати порака со предупредување

За ВАР и Реал Мадрид може да се каже дека се најдобри пријатели бидејќи Кралевите остварија голем број победи после асистенција на видео технологијата, а последната беше синоќа кај Бетис со 2:3.

Карлес Пујол е познат како неприкосновен лидер, кој секогаш го почитува својот противник и редовно му честита на подобриот, но едноставно повеќе не може да молчи кога гледа што се случува во Шпанија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пујол го искажа своето незадоволство од одлуките на судиите на синоќешниот натпревар поради исклучувањето на Емерсон, а потоа и пеналот за Кралевите.

Во првата контроверзна ситуација судијата свиреше офсајд, но ВАР ја промени одлуката и го исклучи Емерсон. Пујол на Твитер објави два емотикони со покриени очи.

Втората спорна ситуација му носи пенал на Реал откако ВАР одлучи дека Бартра играше со рака. Сигурен реализатор од белата точка беше Серхио Рамос за конечни 2:3.

Откако заврши натпреварот Карлес Пујол испрати порака до сите во Барселона.

„Мора да бидеме уште подобри ако сакаме да победуваме. Верувам дека ова ќе биде предизвик и мотивација за екипата.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Капело избра четири фудбалски генијалци: „Кристијано не е тоа“

ФАБИО КАПЕЛО, легендарниот италијански тренер, на доделувањето на наградата Лауреус зборув…