Jaсно е дека Роналдо ниту после одличните настапи на Мундијалот нема да го добие посакуваното покачување во Реал Мадрид, а наводно „кралевите“ веќе имаат спремено алтернатива.
Роналдо постигнува голови, вети дека по завршувањето на Мундијалот ќе зборува за иднината во Реал, но и понатаму е лут на Флорентино Перез кој го прекрши ветувањето со покачувањето. Понудата од Реал платата да му биде врзана со бонусите, наводно само дополнителна го налутила Португалецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Некои медиумите најавуваат дека доколку Реал бара премногу, ПСЖ може да го понуди Кавани и 100 милиони евра, но тоа е тешко веројатно.
Се чека Јунајтед кој може да го изедначи Роналдо со Меси, но Перез наводно му кажал на Мендеш дека за Кристиано мораат да издвојат 200 милиони.
Во секој случај, Реал според шпанските медуми веќе спремил листа на замени, кои не се врзани со Роналдо. Асенсио ќе добие повеќе простор, а од парите од Роналдо „кралевите“ би можеле да го доведат Тим Вернер, „деветката“ на Германија или Мауро Икарди кој има клазула од 110 милиони евра, но важи само во првата половина на јули. Се споменува и дека би можеле да тргнат по потписот на Левандовски.
Значи, би пристигнал класичен напаѓач, Лопатеги има намера да ја оформи екипата околу Шпанците, пред се околу Иско, го сака и Алкантара, а ќе го убедува и Бејл да остане. Новиот тренер не смета дека Реал не може без Роналдо, но ќе биде тешко да го продадат поради преголемата оштета која ја бара Реал Мадрид.