Дома Останати Ракомет Рашковиќ: Луѓе, кој мислеше дека Вардар минатата година ќе ја освои ЛШ!? Одлуката на ЕХФ има некоја позадина

Рашковиќ: Луѓе, кој мислеше дека Вардар минатата година ќе ја освои ЛШ!? Одлуката на ЕХФ има некоја позадина

На сајтот „Балкан Хендбол“ имаше разговор за иднината на ракометот во кој учествуваа коментаторот од „Арена Спорт“ Сретен Рашковиќ, уредникот Жика Богдановиќ и Урош Самарџиќ кој поставуваше прашања.

Сретен Рашковиќ смета дека ЕХФ одлуката да се исфрлат останатите екипи освен првопласираните од А и Б групата е погрешна од натпреварувачки аспект. Според него најчесно било се да се поништи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Зошто не е поништено се кога веќе немаме сезона? Барселона и ПСЖ би можеле да кажат зошто да пропадне нашиот труд бевме први во групите итн…Но тука би следел одговорот: Нели ракометот е магичен спорт. Кој го сместуваше Монпелје на врвот на Европа кога дојде од помалку квалитетната група? Кој гарантира дека ова е сезона на ПСЖ, Веспрем, Барселона или Кил? Чекајте, луѓе кој мислеше дека Вардар минатата сезона ќе ја освои ЛШ? Тука е Фленсбург кој им квалитет, тие се апсолутен губитник без можност да го даде завршниот збор“.

„Мислам дека ова ЕХФ го направи од некој свој интерес, не за ракометот да биде повеќе популарен…Не знам, не сакам да влегувам во тие приказни, но најчесно ќе беше според мене се да се поништи. Да не се сфатиме погрешно јас ќе биде привилегиран да го пренесувам тој натпревар на крајот на годината кога ќе прогласиме шампион на Европа, тоа ќе биде спектакл сигурно“, прокоментира коментаторот на „Арена“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…