Финскиот Ф1 возач Кими Раиконен е еден од најискусните возачи во Формула 1, а сега повторно се појавија шпекулации дека по крајот на сезоната би можел да го напушти Ферари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Раиконен добро влезе во новата сезона иако се повеќе се шпекулираше дека не е баш во добри односи со колегата од екипата Себастијан Ветел. Секоја година се повторува истата приказна како Финецот ќе го напушти Ферари, а Раиконен тоа и овојпат го демантираше.
„Тоа е неверојатно, секоја година иста приказна. Мислам дека барем во последните 15 години во круг се врти истата приказна и секоја година напуштам некого. Новинарите една година можеби ќе погодат бидејќи е невозможно да останам доживотно во Ферари.“ – рече Раиконен.
Шпекулациите околу неговото заминување од Ферари се појавија пред неколку недели, а наводно него по крајот на сезона би го заменил Дани Рикардо кој моментално вози за Ред Бул. Договорот на Рикардо со Ред Бул му истекува на крајот од сезоната.