Дома Фудбал Италија Пјонтек посебно се спрема за секој натпревар и така го „купил“ Гатузо

Пјонтек посебно се спрема за секој натпревар и така го „купил“ Гатузо

Фудбалерите на Милан вчера победувајќи го Емполи со 3:0 во рамките од 25-тото коло во италијанската Серија А ја продолжија одличната форма.

„Росонерите“ во последно време играат како препородени, а во центарот на вниманието е напаѓачот Криштоф Пјонтек кој оваа зима пристигна во Милано од редовите на Џенова. Пјонтек се покажа како неверојатно засилување. Вчерашниот гол против Џенова беше негов седми во дресот на Милан и 18-ти вкупно во првенството.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


https://youtu.be/YXGHwBtIgrM

Навивачите на овој клуб се воодушевени со игрите на полскиот напаѓач кој за кратко време стана миленик на трибините на „Сан Сиро“.
Од полскиот напаѓач воодушевен е и тренерот Џенаро Гатузо кој откри интересни информации за напаѓачот. Гатузо објасни дека Пјонтек посебно се спрема за секој натпревар и дека често разговара со неговите помошници.

„Пјонтек се вклопи подобро отколку што некој очекуваше. Тој е играч кој секој тренинг дава се од себе. Се фокусира само на важните работи и на она што знае дека ќе му биде потребно. Не ја трошо енергијата на глупости и тоа е одлично. Веувајте дека секој ден зборува со моите помошници и неколку дена претходно заедно ги гледаат натпреварите на противничките тимови, односно нивните одбрани. Така ги следи нивните движења и тоа го користи во натпреварите. Тоа за мене е неверојатно и ме воодушеви“, изјави Гатузо.

Пјонтек вчера стана и првиот напаѓач кој успеал да постигне погодок на своите први четири старта во Серија А за „росонерите“ по Оливер Биров во 1998 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Атомски фудбал во Милано, Интер прави пресврт во две минути (видео)

Баерн Минхен прв поведе на натпреварот на „Сан Сиро“ против Интер, но домаќините за само д…