Дома Фудбал Останато Пујол го избра најдобриот дефанзивец во светот и насмеа многумина

Пујол го избра најдобриот дефанзивец во светот и насмеа многумина

Легендарниот фудбалер на Барселона, Карлес Пујол пред неколку години ја заврши својата играчка кариера, но одбраната на каталонскиот клуб ја остави во добри раце.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пујол со Барселона и репрезентацијата на Шпанија освои се што можеше во кариерата и одлучи прилично рано да ги стави неговите копачки на клинец за повеќе да се посвети на семејството и приватниот живот.

Овој одбранбен играч во дресот на Барселона настапуваше дури 15 години и никогаш не сакаше да го промени тимот. Многумина мислеа дека одбраната на Барса ќе биде во проблеми кога тој ќе си замине, но нема причина за тоа, бидејќи ја остави во добри раце. Во разговор за шпанските медиуми Пујол откри кој за него е најдобриот дефанзивец во светот и изненади многумина со неговиот избор.

Жерар Пике без сомнение е најдобриот одбранбен играч во светот, барем според мене. Подобар е од Рамос, а подобар отколку што јас некогаш бев. Тој и јас сме различни типови на играчи. Тој е клучен играч во Барселона, бидејќи придонесува во играта на многу начини“, изјави Пујол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

(Видео) Најлудата прослава на гол на СП: Селекторот на Еквадор наместо отказ испиша историја и ги сруши Германците

Фудбалската репрезентација на Еквадор ја совлада Германија со 2:1 и зачекори во нокаут фаз…