Дома Трансфер зона ПСЖ од Реал за Нејмар побарал, тројца играч, но двајца од нив се „недопирливи“ во Мадрид!

ПСЖ од Реал за Нејмар побарал, тројца играч, но двајца од нив се „недопирливи“ во Мадрид!

Барселона и ПСЖ во Париз ја завршија првата рунда преговори околу потенцијалниот трансфер на Нејмар, но работите немаа напредок.

Каталонскиот тим нема доволно средства да ја плати цената за Бразилецот, па понудиле 100 милиони евра Фелипе Кутињо и Иван Ракитиќ, но во ПСЖ ја одбиле таа понуда.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тоа е добра вест за Реал Мадрид кој исто така сака да го доведе Нејмар, а шпанските медиуми пишуваат дека ПСЖ го понудил Нејмар на „кралевите“, но во спротивен правец побарал да биде испратен Винисус и одредена сума пари, меѓутоа во Реал не прифатиле таков договор.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо е голем фан на Винисус и во младиот играч гледа спротивност од она што е Нејмар кога станува збор за професионализмот и однесувањето.

Според информациите на „АС“ ПСЖ го означил Винисус како клучен дел од било каков договор во кој Нејмар би се упатил кон Мадрид.

Сепак, Флорентино Перез не сака да го пушти младиот играч кој минатото лето пристигна во Мадрид и брзо стана миленик на навивачите, покрај тоа Винисус е ценет и од страна на Зидан.

Парижаните се отворени и за опција во која Лука Модриќ и Касемиро би завршиле во Париз, но и Касемиро е недоприлив во Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…