Дома Трансфер зона ПСЖ му испрати понуда на Меси, финансиски подобра од онаа на Барселона

ПСЖ му испрати понуда на Меси, финансиски подобра од онаа на Барселона

Пред неколку дена Меси и официјално стана слободен играч.

Договорот со Барселона му истече на крајот од претходниот месец, а се уште не се знае каде според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња ќе ја продолжи кариерата.

Нема многу клубови кои ќе ги задоволат финасиските апетити на Меси, а наводно во игра за неговиот потпис се вклучува ПСЖ.

Според пишувањата на шпанските медиуми ПСЖ стапил во контакт со агентите на Меси и на маса веќе има понуда. Од финансиска страна, барем како што тврдат шпанските медиуми, е многу подобра од онаа на Барселона.

Дали Аргентинецот ќе се согласи на оваа понуда нема брзо да дознаеме со оглед на настапот на Меси со репрезентацијата на Копа Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се појави вест за Де Јонг во која ретко кој ќе верува

Френки де Јонг го отфрли советот од медицинскиот тим на Барселона за операција на коленото…