Откако стана јасно дека преговорите меѓу Осман Дембеле и раководството на Барселона за нов договор пропаднаа, многу европски гиганти сакаат да ја искористат ситуацијата.
Дембеле во јануари одби да ја напушти Барселона, но ги одби сите понуди за продолжување на соработката, па на лето ќе замина како слободен агент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако неколку европски клубови се заинтересирани за Дембеле, сепак најконкретен е Пари Сент Жермен, кој започнал преговори со агентот на Французинот.
ПСЖ во Дембеле гледа идеална замена за Мбапе, кој сигурно заминува на лето, а последните информации се дека веќе постигнале усмен договор со Французинот.
Наводно „светците“ се спремни да ги задоволат финансиските барања на Дембеле, односно 20 милиони евра нето по сезона и 20 милиони евра бонус при потпис на договорот.