Роберт Просинечки е според пишувањето на балканските медиуми е главен кандидат за преземање на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Легендарниот Хрват во разговор за босанските медиуми откри дека немал контакти со челниците на Федерацијата на БиХ.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Пред малку ми се јави еден новинар и ми кажа дека сум кандидат за селектор на БиХ. Јас за тоа не знам ништо и немам никакви контакти со Федерацијата. Тоа е се што можам да кажам“, изјави Просинечки.
Добрите резултати со селекцијата на Азербејџан во квалификациите за СП, придонесоа Просинечки да биде прв кандидат и за уште некои репрезентации од регионот.
„Ист е случајот и со Словенија. Истиот одговор е и за Хрватска. Не знам ништо. Никој не ме контактирал, знам само дека сум кандидат во јавноста и тоа е се“, додаде Роберт Просинечки.