Дома Македонски спорт Мак ракомет Пролет се засили со македонски репрезентативец!

Пролет се засили со македонски репрезентативец!

Репрезентативецот на Македонија Томислав Јагуриновски ќе биде нов член на Пролет 62 за наредната сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јагуриновски во Пролет пристигнува од исландскиот клуб Тор каде што под водство на Стевче Алушовски настапуваше во одлична форма.

„Презадоволни сме што успеавме да го договориме трансферот на Јагуриновски, македонски репрезентативец со кого ги потврдуваме амбициите за враќање во борбата за висок пласман за наредната сезона. Не се сомневаме дека тој ќе внесе дополнителен квалитет во нашата игра, но и енергија на теренот, нешто што го краси Јагуриновски низ неговата кариера“, изјави Сашо Огњеновски, директорот на РК Пролет.

Јагуриновски дел од репрезентацијата беше и во последните бараж натпревари против Чешка во кои Македонија обезбеди пласман на СП 2023.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…