Расмус Хојлунд пред четири дена беше промовиран во нов играч на Манчестер Јунајтед. Англискиот гигант го претстави данскиот напаѓач кој пристигна од Аталанта и потпиша договор на четири години.
Според информациите на италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, Јунајтед платил 75 милиони евра, плус денес преку бонуси.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Хојлунд минатата сезона постигна 16 голови и подели девет асистенции на 42 одиграни натпревари за италијанскиот клуб. За Данска по две дебитантски натпревари со по 30 минути, почна да постигнува голови во својот трет настап кога постигна хет-трик.
Засега има шест голови на исто толку натпревари за репрезентацијата. Сепак, Јунајтед ќе мора да почека на неговото деби и тој би требало да ги пропушти првите два натпревари поради повреда која ја заработи играјќи за Аталанта.