Дома Фудбал Италија Проблем за Милан: Пиоли за натпреварот со Болоња остана без важен играч

Проблем за Милан: Пиоли за натпреварот со Болоња остана без важен играч

Репрезентацијата на Алжир доживеа рана елиминација на Африканскиот Куп на Нации, а тоа требаше да биде добра вест за Милан кој така можеше повторно да смета на одличниот Исмаил Бенасер.

Меѓутоа Бенасер во таборот на италијанскиот тим се вратил повреден. Италијанските медиуми пренесуваат дека на Бенасер му биле направени детални прегледи кои покажале дека се здобил со мускулна повреда.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Повредата за среќа на Милан не е сериозна, меѓутоа Алжирецот ќе мора да го пропушти натпреварот против Болоња кој е на програмата за викендот.

За овој натпревар тренерот Пиоли го нема на располагање и Самуел Чуквуезе кој се уште е дел од Африканскиот Куп на Нации, а на листата повредени се уште: Побега, Тиао, Томори и Калулу.

Натпреварот помеѓу Милан и Болоња е закажан за утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бразилците зачудени, Анчелоти руши рекорди: Никогаш не го заборавајте ова за мене!

Карло Анчелоти реши по Реал Мадрид да ја преземе репрезентацијата на Бразил, и она што го …