Дома Фудбал Проблем за „кралевите“: Иско го пропушта реваншот со Баерн

Проблем за „кралевите“: Иско го пропушта реваншот со Баерн

Зинедин Зидан најверојатно нема да може да смета на двајца многу важни фудбалери на реваншот со Баерн Минхен во Лигата на шампиони.

Имено, Иско и Карвахал имаат проблем со повредите и двајацат речиси сигурно ќе го пропуштат мечот на „Сантиаго Бернабеу“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Речиси сигурно е дека двајцата нема да играат со Баерн. Карвахал ќе паузира најмалку две седмици. За Иско – доколку беше финале постоеше шанса да ризикуваме за да игра, но вака нема потреба од било каков ризик“, изјави клупскиот лекар на Реал Мадрид, Хозе Гонзалез.

Реал Мадрид победи на гостувањето во Минхен со 2:1, но отсуството на овие двајца фудбалери сигурно ќе биде голем недикеп за Зидан.

На местото на Карвахал најверојатно во стартниот состав ќе започне Начо, а на местото на Иско, Зизу има неколку опции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …