Дома Луд Спорт Проблеми за Роналдо: Повторно мора на суд за сексуален напад

Проблеми за Роналдо: Повторно мора на суд за сексуален напад

Фудбалската мега ѕвезда Кристијано Роналдо повторно ќе оди на суд поради ново обвинение за сексуален напад, пренесува „Скај Спорт“. 

Во септември 2018 година, манекенката Кетрин Мајорга поднесе тужба против Португалецот за силување во хотел во јуни 2009 година. Таа тврди дека добила 375.000 долари од Роналдо за своето молчење..


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Адвокатите на Роналдо претходно соопштија дека девојката добила 375.000 долари од Португалецот за да не одат на суд, но во 2018 година таа побара отштета од дури 25 милиони долари затоа што вели дека не била свесна на што се согласила пред повеќе од една деценија.

Медиумите тврдат дека адвокатите на Мајорга сега имаат намера да побараат од Апелациониот суд на САД да ја поништи одлуката за отфрлање на случајот и повторно да го отвори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…