Македонија на почетокот од јуни ја очекуваат натпревари од Лигата на Нации против Бугарија (2. јуни), Гибралтар (5. јуни), Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни) од групата 4 во Ц сегментот од новото издание на Лига на нации.
На денешната прес-конференција Милевски зборуваше и за проблемите со повреди. Поради повреда, освен Тихомир Костадинов за кој е познато од претходно, ќе отсуства и капитенот Стефан Ристовски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
,,Подготовките ќе ги започнеме со проблеми. Поради повреди со нас нема да бидат Костадинов и Стефан Ристовски. Јаховиќ и Адеми добија одмор од моја страна, додека Ердал Ракип побара да биде ослободен поради лично причини. Стефан има повреда на стапалото и нема да биде тука за овој собир. Се надеваме дека нема да се работи за скршеница и подолга пауза”.
Ќе потсетиме, списокот на кој има тројца дебитанти Милевски го објави на почеток на оваа недела. (ТУКА) Исто така, селекторот додаде и дека нема да повикува нови фудбалери, па така во овој циклус од четири натпревари ќе одиме со 26 фудбалери.