Дома Фудбал Англија Проблемите со Коста не запираат – Оваа казна е крајот, денеска се сели од клубот!

Проблемите со Коста не запираат – Оваа казна е крајот, денеска се сели од клубот!

Навивачите на Челзи очекуваа Коста да се појави на тренингот, барем да биде од корист за тимот до зима кога се очекува да си замине во Атлетико.

Дури и Челзи се обидува во неговото заминување да го додаде и Гризман, со што Атлетико Мадрид заедно со Бразилецот, би добиле и 100 милиони за Французинот следното лето, но тоа е одбиено.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Сепак, од враќањето на Коста во Челзи нема ништо. Интересно, неговиот автомобил е префрлен од паркингот за сениорски играчи во оној каде што тренираат фудбалерите за младите категории и резервите, за да не го завзема местото. Тоа е јасна порака за Бразилецот кој беше казнуван секоја недела, бидејќи остана во Бразил и од казните загуби неколку милиони евра уште од почетокот на подготовките за новата сезона.

Сега му остана само уште една опција до јануари, станува збор за турскиот Бешикташ, но и за тоа мора да побрза, утре ќе заврши трансфер периодот во таа земја. Цела година Турците се обидуваа да го донесат Бразилецот, понудија големи пари само за шестмесечен договор, но тој го одби. На крајот, изгледа дека и нема други опции, освен да остане во Челзи и да тренира со вториот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Саутегјт откри од што не е задоволен во играта против Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт истакна дека е задовол…