Синоќа, возбудливо и крајно неизвесно во преполнетата спортска
сала „Арена Сонце“ каде публиката уживаше во четвртфиналните средби
од традиционалниот светиниколски турнир во мал фудбал во Прилеп.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во четвртфиналето од турнирот „Св.Никола“ се сретнаа сениорските
екипи на:
Тео-Теа – Центар Рубин и Златко
Фурна златно зрно (Радовиш) – Инфинити
Македонија – Слаткарница Шар
Табако Дисконт Руна Мак – Тосв Транс
Денес, на турнирот во мал фудбал „Св Никола„ 2017, се
полуфиналните средби. А, веќе во среда, на 28-ми декември, ќе се одржи
финалето, во кое најдобите четири екипи ќе се борат за вкупниот награден
фонд од 300.000 денари,кој се доделува за освоено прво, второ, трето и
четврто место.
Интересот кај публиката за турнирот е се поголем, бидејќи купените
велзниците учествуваат во наградните игри кои се одржуваат секој вечер, а
сите влезници, пак, учествуваат за добивање на Главната награда – ЛЕД
ТЕЛЕВИЗОР за која извлекувањето ќе биде на 28-ми декември, а турнирот има и хуманитарен карактер.
За влез во финалето ќе се борат:
Центар Рубин и Златко – Фурна златно зрно (Радовиш)
Македонија – Табако Дисконт Руна Мак