Фудбалската репрезентација на Бразил пред точно шест години го доживеа најголемото понижување во својата историја.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Кариоките“ беа домаќини на Светското првенство и целата нација очекуваше нивната селекција да дојде до трофејот, дојдоа до полуфиналето, а таму доживеаа историско понижување.

Полниот стадион „Минеирао“ во Бело Хоризонте остана во солзи. Германија ги декласираше и ги понижи „Кариоките“ победувајќи ги со неверојатни 7:1.
После овој пораз бразилските фудбалери беа ставени на столбот на сработ. Навивачите долго време не можеа да им го простат овој пораз кој се смета за најголемо понижување во историјата на оваа славна фудбалска земја.

Срамот беше навистина голем. Германците си поигруваа, правеа што сакаат на теренот, а уште на полувремето беше 5:0, головите ги постигнаа Милер, Клосе, Крос и Кедира.
Во продолжение Шурле постигна уште два гол за почесен гол за Бразилците да постигне Оскар во 90. минута.