Манчестер Јунајтед до крајот на преодниот рок сака да се засили со квалитетен крилен напаѓач, а најнова мета е Осман Дембеле.
Со оглед на фактот дека Џејсон Санчо е прескап и тешко дека ќе ја напушти Борусија Дортмунд, Дембеле се претвори во примарна цел на „црвените ѓаволи“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дембеле не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“, па Барселона е спремна да го продаде, а за неговата слобода бара 80 милиони евра.
Преговорите помеѓу двата куба се во напредна фаза, а Манчестер Јунајтед сака да го донесе Французинот на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.
„Црвените ѓаволи“ понудиле 10 милиони евра за позајмица и 60 милиони евра за откуп.