Дома Македонски спорт Прв меморијален турнир „Драган Василов-Цевка“: Вредностите се вечни и треба се почитуваат!

Прв меморијален турнир „Драган Василов-Цевка“: Вредностите се вечни и треба се почитуваат!

Од Кошаркарската федерација денес потврдија дека ќе се организира прв меморијален турнир во чест на Драган Василов – Цевка.

Меѓународен кошаркарски турнир за кошаркари „Под 16“ години, кој го носи името на Драган Василов Цевка, еден од најдобрите македонски тренери кои работеле во младинските возрасни категории, и кој остави поколенија на играчи кои ја носат македонската кошарка.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


„Голема чест и задоволство е што нашата федерација ќе биде дел од овој турнир, кој го носи името на нашиот легендарен тренер Драган Василов Цевка, и што на свој начин, со потребната техничка логистика, реализација на онлајн преноси ‘во живо’, обезбедување на судии, ќе помогне во реализацијата на турнирот кој ќе биде собир на деца до 16. години на кој покрај нашите екипи МЗТ Скопје Аеродром и Вардар, ќе учествуваат екипи од странство како Црвена Ѕвезда, Академик Пловдив, Клуж, Слован, Шопрон. Верувам во успешна реализација на овој турнир кој ќе остане традиционален, затоа што Драган Василов Цевка заслужува многу повеќе од тоа. Но ова е само почеток“ – им се обрати на присутните, претседателот на нашата федерација, Перо Антиќ.

Честитки за организацијата на еден ваков турнир стигнаа и од претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски.

„Навистина е респектабилен составот на клубовите кои доаѓаат. Им благодарам на организаторите на турнирот што ни дозволија ние како Олимписки комитет да се вклучиме во еден ваков прекрасен проект. ‘Цевка’ навистина тоа го заслужува. Одбрана е токму таа генерација на кошаркари со кои тој работеше низ целито свој живот, со младите. И мислам дека сите оние кои ја сакаат кошарката ќе имаат една одлична можност, да уживаат во играта на некои нови ѕвезди и сите ние заедно со нашите партнери, со неговото семејство, да се потсетиме уште еднаш на големата заоставштина која што ни ја остави Цевка“- потенцираше Димевски.

Зборови на благодарност за сето ова што ќе се случува во наредните денови, упати и синот на нашата тренерска легенда.

„Овој пример е доказ кој покажува дека вредностите се вечни и се почитуваат. И дека се ценат и почитуваат личностите кои, секој на свој начин дале свој придонес, секој во струката во која работи. Таква е и приказната за мојот татко. Човекот кој ‘извади’ низа на квалитетни играчи и на генерации кои го носеа националниот дрес на чии успеси сме и до ден денеска сите горди. Овој турнир ќе биде и мотив плус за сите млади кои што се занимаваат со спортот кој сите го сакаме. И којзнае, можеби тука ќе се роди некоја нова приказна, за некој нов Перо Антиќ Тодор Гечевски, Ѓори Чековски или други кошаркарски легенди од овие простори. Се надевам дека турнирот ‘Драган Василов Цевка’ ќе продолжи во контиунитет, секоја година, и ќе добива се поголема поддршка со што би станал препознатлив во регионот и ќе биде добра прилика за промоција на нашата општина, на нашата земја. Нека турнирот во иднина продолжи да е развива според главните карактеристики на мојот татко. А тоа се несебичната поддршка, љубезноста, позитивноста, чесноста, трудољубивоста за кои тој секогаш, како психолог, тренер и како наставник беше со младите. Благодарност до сите за оваа голема чест“ – рече Василов-јуниор на прес-конференцијата пред почетокот на меморијалниот турнир „Драган Василов Цевка“.

На премиерното издание на овој турнир, учество ќе земат вкупно осум екипи, поделени се во две групи. Во групата „А“ за првото место на собирот во „Јане Сандански“ ќе с еборат едне од домаините екипата на МЗТ Скопје Аеродрон, романскиот Клуж, Академик Пловдив од Бугарија, како и Реал Гурович Академијата од белград.Во групата „Б“, освен ко-организаторот, екипата на Вардар, се уште и екипите на Шопрон од Унгарија, Слован од Словенија, и белградска Црвена Звезда.Согласно со системот за натпреварување на турнирот, во групната фаза ќе се игра според „Раунд-робин“ системот (секој со секого). А во зависнот од пласманот, ќе се одредат и мечевите за пласман кои на програмата се на 12. септември (недела, за кога е предивдено и свеченото затворање на турнирот посветен на нашето големо тренерско име, Драган Василов.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ 9.СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК)

19.00: Свечено отворање и натпревар во забивање

10.СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК): 09.00: Клуж – МЗТ Скопје Аеродром11.00: Реал Академија Гуровиќ – Академик13.00: Слован – Вардар15.00: Шопрон – Црвена Ѕвезда17.00: Реал Академија Гуровиќ – Клуж19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Академик21.00: туристичка прошетка со отворен автобус

11. СЕПТЕМВРИ (САБОТА):10.00: Вардар – Шопрон12.00: Црвена Ѕвезда – Слован14.00: Клуж – Академик16.00: Реал Академија – Гуровиќ – МЗТ Скопје Аеродром18.00: Црвена Ѕвезда – Вардар20.00: Слован – Шопрон

12. СЕПТЕМВРИ (НЕДЕЛА):09.30: меч за 7 место (мала сала)11.30: меч за 5. место (мала сала)11.00: меч за 3. место13.00: ФИНАЛЕ 14.30: Свечено затворање на турнирот*Натпреварите се играат во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Брестовац нема да чека долго – веќе е пред нов ангажман!

Поранешниот селектор на Македонија, Данило Брестовац брзо пронајде нов ангажман откако се …