Дома Македонски спорт Првиот викенд од октомври резервиран за 17тиот Виз Ер Скопски Маратон 2021

Првиот викенд од октомври резервиран за 17тиот Виз Ер Скопски Маратон 2021

Скопје, 20.09.2021 – Првиот викенд од месец октомври оваа година е резервиран за спорт и рекреација. На 2ри и 3ти октомври ќе се одржи 17тиот Виз Ер Скопски Маратон, кој традиционално низ годините го изгради темелот на спортувањето и здравиот начин на живот.

Виз Ер Скопски Маратон 2021 оваа година ќе се одржи во период од два дена, со што во сабота, на 2ри октомври ќе се трча трката на 5км, со старт од 17:00 часот, а во недела, на 3ти октомври, ќе се трчаат маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт, со почеток во 8:00 часот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Подигањето на стартните пакети ќе биде од 30ти септември до 2ри октомври, во период од 12:00 часот до 19:00 часот, пред главниот влез на салата „Борис Трајковски“, а при подигање на истите, учесниците над 18 години задолжително ќе мора да покажат сертификат – потврда за извршена имунизација или примена барем една доза вакцина, потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена или потврда за негативен ПЦР КОВИД тест направен во последните 72 часа пред одржување на трката.

Виз Ер Скопски Маратон 2021 ќе се реализира под специјални протоколи одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со што ќе биде задолжително одржување дистанца од 1,5 метри, носење маска пред и по завршувањето на трката, како и постојана дезинфекција на рацете.

Оваа година, исто како и претходните, Виз Ер Скопски Маратон ќе биде домаќин на најдобрите македонски маратонци, кои ќе трчаат на Државното превенство во маратон, кое Атлетската Федерација на Македонија го организира во склоп на овогодинешниот маратон. Организаторите и учесниците со нетрпение го очекуваат 17тото издание на Виз Ер Скопски Маратон.

Виз Ер Скопски Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, а е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

Повеќе информации можат да се најдат на:

http://skopskimaraton.com.mk/ и https://www.facebook.com/skopskimaraton/.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…