Најголемата спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, го надмина својот рекорд од 2019 година од пред-пандемичниот период за број на пријавени тркачи. Рекордот претходно беше постигнат во 2019 година на тогашното издание на маратонската манифестација.
Утре во рамките на своето јубилејно 20то издание, ќе учествуваат рекорден број љубители на трчањето. На стартот во недела се очекува да се појават 13.440 натпреварувачи од 55 земји, кои ќе ги исполнат улиците на главниот град со позитивна енергија и ќе ја потсетат јавноста дека навистина, – трчањето може да те промени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пријавените тркачи со своето учество на Виз Ер Скопскиот маратон мапираат земји од целиот свет. Со својата дводецениска традиција, Виз Ер Скопски маратон стана симбол на сплотеност и неверојатен спортски дух.
Покрај традиционалната маратонска трка (42.195 км), на Виз Ер Скопски маратон како и секоја година ќе се трча и полумаратон (21.097 км), штафетен маратон, како и трката за рекреативци на 5км, како најмасовната трка од сите.