По Килијан Мбапе уште еден играч на Монако сака да премине во редовите на ПСЖ.
Фудбалерот на Монако, Фабињо подготвен е да ургира кај управата на клубот да го пушти да замине во Париз.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што се наведува, Фабињо е незаодовлен што клубот не ги слушнал понудите за него, додека на останатите им било дозволено да заминат за одредена договорена сума.
Манчестер Јунајтед долго го посакуваше Бразилецот, но потоа се насочи кон Матиќ и не погреши.
Фабињо одлучи да закаже итен состанок со челниците на клубот и да побара да го пуштат да замине во ПСЖ во случај на вистинска понуда, која впрочем и се наоѓа на маса.
Се уште не е познато колку ПСЖ е спремен да понуди, односно колку уште може со оглед на тоа дека веќе потроши 222 милиони евра за Нејмар, а планира и да инвестира во пристигнувањето на Мбапе, кој исто така реши да се пресели во Париз и да ги одбие Реал, Ливерпул и Манчестер Сити.