Кариерата на Тајсон Фјури после победата над Владимир Кличко и освојувањето на титулата најдобар боксер во тешка категорија во 2015 година доживеа голем пад.
Фјури не можеше да го издржи големиот притисок. Започнаа сериозни ментални проблеми, падна и на допинг тест, посветуваше внимание на многу работи, но најмалку на боксот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа оваа година тој успешно се врати во рингот со две победи во низа, додека првиот поголем предизвик после Кличко ќе го има во борбата на ВБЦ каде што ќе со бори со Детонај Вајладе на 1-ви декември во Лос Анџелес.
Фјури вчера гостуваше во емисијата кај Џо Роган и откри некои неверојатни работи. Призна дека во еден момент сакал само да исчезне.
„Лудував по цели ноќи, пиев, се дрогирав. Сакав само да умрам и да заминам на забавен начин. Кога ќе се отрезните паѓате во уште поголема депресија. Бев изгубен, не знаев што да правам. Се обидов да оставам се и да се посветам на некои други работи. Но, имав празнина во себе. Дрога прв пат пробав на 27 години години. Кокаин и алкохол користев секој ден. Дали сега нешто би променил? Не. Не би променил ништо бидејќи тоа едноставно морало да се случи. Се будев пијан и дрогиран и не сакавам да бидам жив“.
„Низ главата ми поминуваа луди мисли. Купив ново Ферари летото 2016 година. Излегов на автопат и возев со голема брзина. Се приближував до мостот и не ми беше гајле. Сакав да си го одземам животот. Меѓутоа запрев кога во себе слушнав некој глас: Не, не го прави тоа Тајсон, мисли на семејството и децата кои би растеле без татко. Запрев, не знаев што правам. Бев исплашен и се тресев. После тој момент никогаш повеќе не помислив, ниту пак ќе помислам на самоубиство“, изјави Фјури.