Дома Останати Авто Мото Потврдено: Синот на Михаел Шумахер дебитира во Формула 1!

Потврдено: Синот на Михаел Шумахер дебитира во Формула 1!

Синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик ќе дебитира во Формула 1 во болидот на Алфа Ромео наредниот месец на патеката во Нурбургинг.

Трката за големата награда на Германија на програмата е на 11. октомври, а програмот почнува два дена порано за да се одржи првиот слободен тренинг.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес е потврдено дека Мик Шумахер ќе дебитира во Формула 1 на првиот слободен тренинг во болидот на Алфа Ромео кој инаку го вози Антонио Џованчи.

Шумахер беше член на академијата на Ферари и во овој момент се трка во Формула 2. Претходно возеше болид на Ферари во Ф1 кога беа тестирањата.

Ова ќе му биде прв настап во официјалниот дел и ќе има шанса на тренингот да покаже што може. Џованчи болидот ќе го превземе од вториот тренинг и ќе учествува на трката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…