Екипата на Јувентус успеа да договори летно засилување од Манчестер Јунајтед, дознаваат италијанските медиуми.
Нов член на „старата дама“ ќе биде италијанскиот репрезентативец, Матео Дармијан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дармијан со Јувентус се поврзува од поодамна. Италијанскиот шампион се обиде да го доведе минатото лето и во текот на јануари, но не успеаа да постигнат договор. Меѓутоа преговорите беа продолжени и трансферот е договорен за на лето.
Италијанецот кај Жозе Мурињо оваа сезона скоро и да не игра. Настапи на само седум натпревари и поради тоа побара да го напушти „Олд Трафорд“.
Во Јунјатед, Дармијан пристигна во 2015 година од Торино и од тој момент настапи на 80 натпревари и постигна еден погодок.