Дома Трансфер зона Интер добива засилување од два милиони евра?

Интер добива засилување од два милиони евра?

Според информациите на италијанските медиуми Интер е пред потпис со Матео Дармијан од Парма и тој трансфер наводно ќе изнесува само два милиони евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поранешниот бек на Милан и Торино е блиску до преминување во Интер, а неговиот агент Паоло Кастелини вчера имал конкретен состанок со управата на клубот од Милано.

36 годишниот фудбалер кој минатото лето се врати во Серија А од Манчестер Јунајтед ќе замине од „Енио Тардини“ после само една сезона и ќе конкурира за тимот на Интер.

Дармијан минатата сезона одигра 34 натпревари и постигна еден гол во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…