Дома Топ вести Постигнат договор: Хаверц за 100 милиони во Челзи

Постигнат договор: Хаверц за 100 милиони во Челзи

Младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Каи Хаверц е се поблиску до трансфер во Челзи, пренесува „Билд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот играч не беше на тестирање заедно со своите соиграчи бидејќи преговорите се во завршна фаза.

Трансферот на Хаверц во Челзи е само прашање на време бидејќи двата клуба постигнаа начелен договор и сега се договараат последните детали.

Трансферот ќе изнесува 100 милиони евра со вклучени бонуси, односно Челзи ќе плати 80 милиони веднаш, плус 20 милиони во вид на бонуси.

Во моментов се договара на кој начин да бидат исплатени бонусите, па во следните денови се очекува официјализација на трансферот кој ќе биде најскап во историјата на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…