Напаѓачот на Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Португалија, Жоао Феликс е на чекор од трансфер во Челзи.
Неколку клубови го сакаа Феликс откако стана јасно дека Португалецот ќе го напушти Атлетико Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи ја победил конкуренцијата и постигнал договор со Атлетико за 6-месечна позајмица за која ќе плати 11 милиони евра.
Атлетико најпрво само за позајмицата бараше 15 милиони евра, но се согласи да го пушти за 11 милиони бидејќи самиот фудбалер инсистира да ја промени средината.
Медиумите пренесуваат дека нема договорена одредена сума за откуп на лето, па по завршувањето на сезоната двата клуба повторно ќе седнат на преговарачка маса.
🚨 BREAKING: Chelsea have reached a verbal AGREEMENT with Atletico Madrid to sign João Felix on loan for the rest of the season. €11m loan fee.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 9, 2023
(Source: @David_Ornstein) pic.twitter.com/krjxAiwvxT