
Поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски е најновото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.




„Сините“ денеска официјално потпишаа договор со 31-годишниот крилен дефанзивец кој доаѓа од редовите на еден од најтрофејните албански клубови Динамо Тирана, каде настапуваше изминативе две сезони.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Силјановски претходно во својата кариера има настапи и за Македонија ЃП, Вардар, Тетекс, Ренова и Работнички во македонскиот шампионат.




Низ својата богата кариера, во која има и бројни трофеи на домашната сцена, има и 21 настап за младата репрезентација на Македонија, како и четири официјални настапи за А-репрезентацијата на Македонија.