Дома Македонски спорт Мак фудбал Работно во Штип: Брегалница се засили со четири фудбалери

Работно во Штип: Брегалница се засили со четири фудбалери

Eкипата на штипска Брегалница денеска претстави четири засилувања за новата сезона.

Емре Кадри (20) е дефанзивец кој доаѓа од ФК Работнички. Претходно има настапувано во младинските категории на Адана од Турција.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Џихан Адили во редовите на штипските сини доаѓа од редовите на гевгелиски Кожуф, а кариерата ја започнува во младите категории на Шкупи, а настапуваше и за Кораби Дебар, Беласица и Дреница (Косово). Игра во средниот ред и има 22 години.

Виктор Крстевски и Рејан Абази во сино-белата чета доаѓаат во пакет на позајмица од Гостивар. Крстевски е стопер кој освен во Гостивар, бележеше настапи и во Вардар и Пелистер. Роден е 2002 година и ги покрива централните одбрамбени позиции. Абази, исто така е роден 2002 година и ќе го засили нападот на ФК Брегалница. Работнички, Шкупи, Кораби Дебар, Локомотива и Гостивар се неговите претходни клубови во кој настапуваше.

Со оваа четворка, полека се комплетира конечниот ростер на ФК Брегалница за претстојната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…