Дома Македонски спорт Мак фудбал Брегалница нов лидер во ВМФЛ!

Брегалница нов лидер во ВМФЛ!

Екипата на Брегалница е нов лидер на табелата откако днеска славеше победа од 4:0 против Борец, додека Македонија Ѓорче Петров не успеа да слави на гости кај Детонит и одигра 0:0.

„Лавовите“ одиграа без погодоци против Детонит за кого ова беше веќе петто реми во низа.

Брегалница на свој терен немаше проблеми со Борец и лесно дојде до триумф со кој изби на лидерската позиција со 24 бода.

Башкими и Македонија Ѓорче Петров имаат по 23 на втората и третата позиција.

ВМФЛ 10. КОЛО РЕЗУЛТАТИ

Осогово – Охрид 0-2

Детонит – Македонија ЃП 0-0

Беласица – Скопје 0-2

Вардар Неготино – Новаци 3-1

Брегалница – Борец 4-0

Кожуф – Арсими 1-1

Вардарски – Башкими

Каменица Саса – Победа

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гаштаров без страв пред Шкотска, Македонија бара излез од серијата порази

Младиот репрезентативец го дочекува гостувањето во Глазгов без притисок. Македонија вечерв…