Вчера Наполи освои три бода на гости кај Милан, а херој беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој го постигна одлучувачкиот гол на натпреварот во петтата минута од натпреварот.
,Милан во финишот постигна гол преку Кеси, но тој гол се поништи поради претходен офсајд во кој се најде Жиру. Стефано Пиоли после натпреварот прокоментира дека според него голот бил регуларен и не требало да биде поништен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега се огласи и поранешниот италијански сујдија Грацијано Чезари кој изјави дека голот на Елмас не бил регуларен.
„Голот кој го постигна Наполи дојде после корнер на кој му претходеше аут кој наместо на Милан му се додели на Наполи. Лозано ја допре топката пред Бало Туре. Не знам како помошникот не го забележа ова. Ова беше една несреќна грешка за која никој немаше да зборува ако не се постигнеше гол од корнерот“, изјави поранешниот судија Чезари.