Дома Фудбал Останато Поранешен играч на Ливерпул се бори за живот!

Поранешен играч на Ливерпул се бори за живот!

Легендата на камерунскиот фудбал Ригоберт Сонг се наоѓа во критична состојба, откако доживеа мозочен удар.

Поранешниот фудбалер на Мец, Салернитана, Келн, Ливерпул, Вест Хем, Галатасарај и Трабзон, Ригоберт Сонг, итно бил хоспитализиран, а потоа и опериран, откако доживеа мозочен удар.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Легендата на камерунскиот фудбал се наоѓа во кома и неговата здравствена состојба е критична, пренесуваат локалните медиуми.

40-годишниот Сонг е рекордер според бројот на настапите за Камерум (137), со репрезентацијата двапати победи на Африканскиот куп (2000, 2002), а учествуваше и на четири Светски првенства (1994, 1998, 2002, 2010).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шефот на Ла Лига: Изјавата на Чави за Меси не е вистинита

Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас категорично ги отфрли тврдењата на Чави Ернандес за …