Дома Македонски спорт Порака од Илиоски по европската титула: За детето од Лисиче ќе слушне целиот свет!

Порака од Илиоски по европската титула: За детето од Лисиче ќе слушне целиот свет!

Maкедонецот Бобан Илиоски е нов шампион во кик бокс, откако триумфираше во финалето во Турција.

Утрово Бобан во борбата за златниот медал беше подобар од Христо Калајџиев од Бугарија со 3:0. За Македонија ова беше втор медал за Македонија на ова Европско првенство откако претходно Викторија Варадинова во женска конкуренција освои бронза.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Илиоски во категоријата до 86 килограми буквално ги збриша ривалите на патот до европско злато, бидејќи со убедливи 3-0 славеше против сите противници. на патот кон финалето ги победи Мартин Лоренц од Чешка, како и Борна Манојловиќ од Хрватска.

По освоената титула тој се огласи со порака преку социјалните мрежи.

„После две напорни борби со борци од Чешка и Хрватска, денеска се одржа финалната борба каде што се борев против искусен борец од Бугарија.Со благослов од Господ, се помина како што треба и извојував победа со 3-0 и со тоа го освоив златниот медал на Европското првенство.

Голема благодарност до мојата фамилија, моите тренери Дејан Митровски – Урко и Гладијатор Скопје, клупски другари и сите кои ми помагаа, несебично поддржуваа и храбреа. Благодарност до Агенцијата млади и спорт начело со директорот Наумче Мојсовски и Македонскиот олимписки комитет, односно претседателот Даниел Димески, кој секогаш ни се ветер во грб и од голема помош на нас спортистите и лично на мене во постигнувањето на врвни резултати. Ова е само почеток и сон на едно обично дете од Скопје-Лисиче за кое ке слушне целиот свет. Да живее Македонија! Спортски поздрав“, порача Илиоски преку неговиот Инстаграм профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…